Општи услови за B2B продажба
Продавач
УНИАЛАТ ДОО СКОПЈЕ, Булевар 3-та Македонска Бригада 48, 1000 Скопје, Република Северна Македонија. Телефон: +389 75 322 552. Е-пошта: info@masina.mk. Регистрирано во Основен Суд Скопје 1. ЕДБ: MK4082022531132.
B2B каталог
Каталогот е наменет исклучиво за правни лица и професионални купувачи. Со испраќање на нарачка, купувачот потврдува дека настапува во име и за сметка на правно лице.
Понуда и договор
Испратената нарачка претставува барање за понуда, а не автоматски склучен договор. Договорот е склучен само по писмена потврда од УНИАЛАТ, во која се наведуваат достапноста, конечната цена, рокот на испорака и условите за плаќање.
Цени и плаќање
Прикажаните цени се во денари без ДДВ, освен ако изрично не е наведено поинаку. Дополнителните трошоци, вклучувајќи ја испораката, се наведуваат во понудата. Плаќањето се врши само по профактура или фактура со банкарски трансфер; нема онлајн плаќање.
Банка депонент: Тутунска банка АД Скопје
Жиро сметка: 210-0758668001-94
IBAN: MK07210701001648811
SWIFT: TUTNMK22
Испорака, рекламации и гаранција
Испораката се врши во Република Северна Македонија. Рокот, начинот и трошокот се потврдуваат во понудата. Рекламација се поднесува на info@masina.mk со рекламациски записник, број на фактура, опис на проблемот и фотографии кога се достапни. Гаранциските услови и техничката оценка се согласно условите на производителот и потврдената понуда.