B2B каталог за металопреработувачката индустрија

Политика за приватност

Последно ажурирање: 15.09.2026

Управувач

УНИАЛАТ ДОО СКОПЈЕ, Булевар 3-та Македонска Бригада 48, 1000 Скопје, ЕДБ MK4082022531132, е управувач со личните податоци. Контакт за приватност: info@masina.mk, +389 75 322 552.

Податоци, цели и основа

При барање понуда или нарачка може да обработуваме податоци за контакт-лице, компанија, адреса, ЕДБ, телефон, е-пошта, испорака и нарачка. Ги користиме за подготовка на понуда, обработка на B2B нарачка, испорака, профактура/фактура, поддршка и законски обврски. Основата е преземање дејствија пред договор, извршување договор и законска обврска.

Приматели и чување

Пристап имаат овластени вработени и, кога е потребно, хостинг и е-пошта, сметководство и превозници. Не продаваме лични податоци. Податоците од понуди се чуваат колку што е потребно за комуникација и правни барања, а сметководствените документи согласно важечките прописи.

Ваши права

Имате право на пристап, исправка, бришење, ограничување, приговор и преносливост кога се применливо. Барање испратете на info@masina.mk. Може да поднесете претставка и до Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.